Вечерва почнува 5. Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“

Со претставата „Не, не ти! Или за различноста“ на Мала сцена од Загреб  вечерва, со почеток од 18:30, на новата сцена на битолскиот Центар за култура ќе почне 5. Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“.

Пред најмладата битолска театарска публика вечер ќе биде изведена и шведската претстава на теататарот од Лунд „Звучи – ЗУН ЗУН“.

Покрај шведската, ќе гостуваат и претстави од Хрватска, Израел, Франција, Австрија и САД.

Интернационалниот детски театарски фестивал ќе трае до седми август, со две  претстави дневно.