Фотографот и репортер Pascal Dumont преку својот објектив во текот на 2014 година го документираше животот во повеќе студентски домови во Москва, за The Moscow Times. Како што забележува тој, во дел од овие студентски домови се живее во лоши услови, со бубачки и влага. Сепак, поради скапите станови за изнајмување, голем дел од студентите немаат избор.
Kudakwashe Ndlova, 25 годишен студент на Универзитетот Ломоносов, домот го дели со други руски студенти. Тој плаќа по 10 долари месечно за својата соба.
Нигерискиот студент Christopher Onoja (22) и Issac Ismaila (24) дошле на студии во Русијан со стипендија. „Искрено, не ми се допаѓа ова место бидејќи собата е полна со буба шваби и лебарки. Го реновиравме осветлувањето, тапетите, се, но беше хаотично кога пристигнавме“, вели Onoja.
Dinara Vafina е 26-годишна студентка по музика, на Државниот педагошки универзитет од Москва.
„Немам проблем со живеењето со цимери, но би сакала некогаш да имам место само за себе“, вели таа и додава дека собата ја делат тројца или четворица студенти и плаќаат околку 50 долари месечно доколку немаат стипендија.
Yang Zhao, доаѓа од Пекинг и се обидел да најде стан близу својот факултет во Москва.
„Вртев телефони два месеци, и кога некој ќе го слушнеше мојот акцент и дознаење дека сум од Кина, ми велеа НЕ“, вели тој.
Elena Gasyukova, студира економија. Таа објаснува дека за да се влезе во студентски дом во Русија посетителот мора да е придружуван од станар, да остави пасош и да се регистрира. Вработените ги проверуваат студентите секоја вечер, во 9 часот.
„Не прашуваат како сме. Ако станот е нечист, ни кажуваат да се исчисти. Ако не ме видат одреден период, ќе се јават кај моите родители“, вели таа.
Извор: Business Insider