Дали некогаш сте влегле во подрум или на таван каде сте нешто што предизвикува стари сеќавања и носталгија? Можеби тоа е една кутија на стари Лего коцки или стари играчки. Овие сентиментални предмети можеби се големи за душата, но во некои земји како во САД на пример, тие може да значат и големи пари, пишува Yahoo.
Некои од следните предмети кои ги собираат страсните колекционери, понекогаш може да вредат илјадници па дури и милиони долари.
- Стари житарки
Повеќето луѓе не чуваат житарици во подрум, но доколку некој случајно ја зачувал кутијата (празна или полна) истата може да вреди илјадници долари, па дури и десетици илјади долари.
- Furby
Некои велат дека Furby беше првиот чекор во развојот на роботите. Други, пак, мислат дека е модерен Tamagotchi (Чиби Чан). Во секој случај, овие работи станаа глупаво популарни во 1998-ма, а ако имате една од оригиналните играчки (особено ако е неотворена), би можела да биде во вредност над 900 долари.
- Happy Meal играчки
Овие евтини пластични играчки кои веднаш би ги фрлиле на eBay можат да достигнат цена од над 500 долари. Верувале или не, постојат цели веб сајтови каде ентузијасти колекционери бараат играчки кои ланците за брза храна ги делат бесплатно. Тоа навистина прави да се запрашате што некои луѓе прават со својот живот, пишува Yahoo.
- Оригиналниот Гејм бој
Сите имаат стар гејм бој, но вистинската вредност доаѓа доколку поседувате оригинална верзија од 1992 година. Слабо користените модели може да чинат неколку стотици долари, додека неотворен гејм бој чини и до две илјади долари.
- Ретка плоча
Одредени ретки стари плочи како од Битлси – Please Please Me (втора едиција), или ретки синглови на бендови како Queen или Sex Pistols може да достигнат и петоцифрени суми.
- Видео касети
Доколку не сте ги фрлиле старите видео касети кои собираат прашина во подрумот, одредени ретки касети од класичните филмови како Ѕвездени патеки или Кинг Конг може да чинат илјадници долари. Во иднина, можеби нашите деца ќе собираат видео касети, како што сега нашата генерација собира винил плочи.
- Стари големи мобилни телефони
Пазарната вредност на пазарите за антиквитети на големите стари мобилни телефони е целосно изненадувачка. За модели како Modar Pulsar, може да се добијат над илјада долари, додека за винтиџ Моторола се добиваат најмалку неколку стотици долари.
- Покeмон картички
Одредени серии на картите Покeмон, особено од првата едиција може да имаат вредност и до пет илјади долари.
- Стрипови
Работата на Marvel, DC, и речиси секој кој црта стрипови во Америка стана еден вид модерна митологија. Со зголемувањето на популарноста на одредени суперхерои, не е изненадување што одредени ретки стрипови чинат многу пари. За некои изданија на Супермен и Бетмен, може да се добијат милиони долари.
- Старомодни јоргани
Домашно правени јоргани во САД се многу ценети од одредени колекционери. Во 19-от век, изработката на овие јоргани било често хоби меѓу многу жени и тие чинат понекогаш повеќе од пет илјади долари.
- Лего коцки
Една мала лего коцка која на некој колекционер му фали во одредена комбинација, може да чини стотици долари.
- Книги од прво издание
Првото издание на одредени легендарни книги може да ви донесе голем профит. Трилогијата на Господарот на прстените или Волшебникот од Оз и други популарни книги може да ве направат богати.
- Гитарата на вашиот дедо
Ако случајно ви се наоѓа гитара во подрумот од типот на Gibson или Fender, со нивната оригинална кутија, може да заработите стотици или илјадници долари.
- Кутии од играчки
Ентузијастите за Војна на световите и Ѕвездени патеки се познати по плаќање многу пари за чудни работи. Неодамна на eBay, винтиџ кутија од италијанска акциска Јода фигура беше продадена за 1.136 долари.
Извор: yahoo