Канадска компанија дизајнираше кула висока 20 километри која ќе ги носи астронаутите во стратосферата преку огромен лифт.
Овој план беше одобрен од Американскиот патентен центар, кој и додели грант на компанијата Thoth Technology во Онтарио да ја изгради кулата. Таа ќе биде 20 пати повисока од сегашната највисока зграда што се наоѓа во Дубаи, висока 830 метри.
Компанијата соопшти дека оваа градба ќе овозможи нов начин за пристап до вселената, а притоа бара 30 отсто помалку гориво од ракета која се лансира од земјата. Покрај нејзината основна цел, кулата ќе обезбеди и генерирање на енергија од ветер, комуникации и туризам.
Меѓутоа, лифтот нема да ги однесе патниците директно во вселената, бидејќи за тоа е потребно да се изминат 100 километри, така што лифтот ќе ги носи до онаа граница каде атмосферскиот притисок е толку низок што водата во човековото тело почнува да зоврива.
Еден од предизвиците за оваа компанија е како да се справи со ветерот. Тие предлагаат употреба на материјал со надувување и тркала за летање кои треба да го обезбедат она што е опишано во патентот – активна стабилизација со помош на хармонична стратегија за контрола.
Извор: Independent