Американскиот уметник Christopher David White се обидува во своите скултури од керамика да го долови природниот изглед на дрвото и е многу успешен во оваа замисла.
Користејќи посебна техника на боење создава надреални скулптури на предмети и лица.
Преку парчињата од керамика, појаснува дека сака да ја истражува непостојаноста на нештата.
„ Се обидувам да ја покажам убавината што често е резултат на распаѓањето, додека, во исто време, правам мојот гледач да се запражува за сопствената перцепција на светот околу него“, вели уметникот.