„Lovers & Strangers“ е насловена првата самостојна изложба на илустрации на младата дизајнерка Теа Пупкова, која ќе се одржи на 5 септември, во кафе – книжарницата „Децата од нашата улица“.
„Нам и на Теа ќе ни биде особена чест и задоволство доколку одвоите дел од вашето време за да дојдете и заедно да ја споделиме оваа радост. На изложбата ќе не забавува Andreas Hz (happy go lucky pop & disco set), а вие задолжително понесете си насмевка со себе“, се наведува во поканата на настанот.
Отворањето на изложбата е најавено во 21 часот.