Брајди Олсон е името на 15-годишниот средношколец од Ајова, кој се кандидира за претседател на Америка. Тој до неодамна беше познат единствено под псевдонимот Deez Nuts и веднаш успеа да ги освои симпатиите на голем број граѓани.
Според анкетите, Олсон е достоен противник во трката за нов претседател на Америка, во конкуренција со Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Досегашните проценки покажуваат дека тој е најдобриот трет кандидат во последните две децении, иако е 20 години помлад од законската граница на кој некој може да биде претседател.
Средношколецот изјави дека причината поради која решил да се кандидира е бидејќи бил фрустриран од двопартискиот систем, а според тоа колку брзо се прошири неговата кандидатура на интернет покажува дека со него се согласува и голем дел од американското население.
Тој вели дека досега го исконтактирале луѓе од 23 земји за да му помогнат во кампањата. Тој има сериозни амбиции и за потпретседател, а за слоган избрал:
Vote #Limberbutt2016 for a leader who knows #MeowIsTheTime to act! pic.twitter.com/kljVetIakM
— Limberbutt McCubbins (@Limberbutt2016) August 22, 2015
Меѓутоа, за вистински да биде избран потребно е да се направат промени во уставниот амандман, што според експертите нема да се случи.
Извор: TIME