Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс, како и конкурс за изработување постер за овогодинешното издание на Фестивалот.
На поетскиот конкурс ќе може да учетвуваат автори од сите генерации, со социјално ангажирана поезија која разработува теми поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук профилот на оваа манифестација или на адресата poetizapromena@gmail.com. Краен рок за аплицирање е 15 септември 2015 година, по што творбите ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението, а селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.
Mанифестацијата „100.000 поети за промена“ исто така распиша конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот.
Дизајнерските решенија исто така треба да се испраќаат на адресата poetizapromena@gmail.com или на Фејсбук, најдоцна до 20 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението..Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 26 септември 2015 година во Струмица.