Третото издание на музичкиот фестивал „Добра идеја“ ќе се одржи денеска во Чопер клубот Клабхаус во Скопје.
Фестивалот има мултикултурен карактер. Целта е афирмација на млади локални бендови. Ќе настапат: ТВ Рејџ, Кепурдат, Проект 2501, Фуснота и Ди Џеј Дими (пост сешн сет).
„Добра идеја 3“ е во организација на Здружението за културна мотивација „КУЛТИВАТОР од Скопје, а е поддржан од Град Скопје.