Младинското здружение КРЕАКТИВ, во соработка со општина Кавадарци организира меѓународни трки под мотото „Born to run“. На „Кавадарци трки 2015“ може да се пријави секој без оглед на возраста, а целта на настанот е и да привлече учество на различни националности. Како што информираат од младинското здружение, веќе е најавено учество на гости од Белгија, Велика Британија и други земји од Европа и Америка.
Почетокот на трките, кои ќе се одржат на 13 септември е во 5 часот попладне, при што ќе се трчаат 4 рути со различна должина од 1км, 3км, 5км и 10 км.
Краен рок за пријавување е 8 септември 2015, а сите дополнителни информации можете да се најдат и на официјалната веб-страница на настанот.
Покрај за учество во трките младите ќе можат да се вклучат во настанот и како волонтери коишто заедно со меѓународниот волонтерски тим на Младински центар КРЕАКТИВ ќе работат на организација и реализација на „Кавадарци трки 2015“. Сите заинтересирани за волонтирање во случувањето можат да се пријават на следниот ЛИНК. Предност ќе имаат волонтерите коишто први се пријавиле.