Раководството на музејот „Auschwitz-Birkenau“ ја брани инсталацијата на тушевите-распрскувачи на влезот, откако посетители се пожалиле дека тие се болен потсетник на гасните комори користени за убиство на затворениците.
Водените тушеви кои прскаат ладна пареа беа поставени надвор од некогашниот нацистички концентрационен логор на југот на Полска, за да им се овозможи на посетителите да се разладат бидејќи температурите во регионот се искачуваат до 37 степени. Додека најголем дел од посетителите ги користат прскачите за разладување, дел сметаат дека нивното постанување е неумесно.
Meir Bolka, кој патувал од Израел во посета на музејот се пожалил кај персоналот за новите тушеви.
„Како Евреин кој изгубил многу роднини во Холокаустот, тие изгледаат како тушевите низ кои Евреите принудно минувале пред да влезат во гасните комори“, вели Bolka за израелските медиуми.
Портпаролот на музејот Pawel Sawicki пак појаснува дека прскалките се ставени веднаш до влезот поради екстремно жешките бранови кои довеле до несвестица кај некои посетитетли.
„Прскачите на пареа не наликуваат на тушевите и лажните тушеви инсталирани од Германците во некои од гасните комори не биле користени за транспорт на гас преку нив“, вели тој за „Time“.