Центарот за Правно-политички истражувања при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на 3 и 4 септември 2015 година ја организира втората меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“.
Овогодишната конференција се организира во партнерство со Факултетот за право, политички науки и криминологија при Универзитетот во Лиеж, Белгија, како и Правниот факултет при Државниот универзитет во Воронеж, Русија.
На конференцијата се пријавени повеќе од 150 трудови со учесници од 18 земји од светот. Трудовите се однесуваат на повеќе општествени дисциплини, како што се правото, политичките науки, социологијата и медиуми и комуникации.
Свеченото отворање на конференцијата е најавено за утре (3 септември), со почеток во 10 часот, во свечената сала на Правниот факултет во Штип.