Компанијата за изработка на роботи Sphero склучи соработка со Disney за да направат минијатурна верзија на новиот лик на Star Wars, роботот BB-8.
Малиот робот за првпат се појави во првиот трејлер за седмата епизода, со изглед на превртена чинија која балансира на топка и прерасна во неофицијална маскота на продолжението Star Wars: The Force Awakens.
За разлика од останатите роботи во оригиналната трилогија како на пример R2-D2, BB-8 е робот кој има интелигенција и може да се купи, со големина на тениско топче. Роботот е висок десет сентиметри, а главата се држи со магнети.
BB-8 е контролиран преку Bluetooth на iPhone или Android и делумно може да го почувствува неговото опкружување со помош на мапирање.