Актерот, Ројан Аткинсон уште еднаш го одигра Мистер Бин, возејќи го своето зелено „Mini“ низ улиците на Лондон за да прослави 25 години од постоењето на култниот лик – Мистер Бин.
Во препознатливиот „Мистер Бин“ стил, заедно со него во врз автомобилот се најде и неговата фотелјата, со сите додатоци. Ликот кој го направи своето деби на телевизија во 1990 година, се прошета по знаменитостите на Лондон, како што се Бакингемската палата, Мол и Хародс.
Друштво му правеше и неговата полнета играчка, чија фотографија ја објави на Твитер.
Ooooh it’s all too much excitement for Teddy!!! #MrBean25 pic.twitter.com/47N8vhIbN7 — Mr.Bean (@MrBean) September 4, 2015