[Галерија] Уметница прави бесплатни тетоважи врз лузните од насилство

Лузните можат да бидат доживотен потсетник на насилството, поради што уметницата за тетоважи Flavia Carvalho одлучила да стори нешто во врска со тоа. Преку нејзиниот проект „A Pele da Flor” (Кожа со цвеќиња) таа на повредните жени им прави бесплатни тетоважи.

За две години, Carvalho им помогнала на многу жени кои сакале да ги покријат лузните од ножеви и куршуми, но и од мастектомија. Таа ги претвора непријатните моменти во нешто што е убаво и инспиративно.

Flavia Carvalho води студио за тетоважи во Curitiba, Бразил.

„Го почнав проектот неодамна и не очекував дека ќе предизвика вакво медиумско внимание“, вели таа за „Huffington Post“.

„Се почна многу спонтано. Како што реков, моите услуги се целосно бесплатни и единствениот „трошок“ за жената е да одбере дизајн за нејзината тетоважа!“ Таа појаснува дека се започнало откако кај неа дошла клиентка што сакала да покрие голема лузна на нејзиниот абдомен.

„Ми кажа дека била во ноќен клуб и откко одбила човек кој и пришол, тој ја избодел со сечило“, вели Flavia.

„Кога ја виде готовата тетоважа, беше вистински трогната, а тоа мене длабоко ме погоди“.