Во петок, на 11 септември, Амбасадата на САД во Скопје ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање со настан за донирање крв и храна. Настанот се прави во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Инситутот за трансфузиологија.
Крводарителната акција ќе се спроведува во просториите на Амбасадата, во периодот меѓу 09:00 и 16:00 часот.
Процесот на донирање крв, појаснуваат од Амбасадата, трае помалку од 20 минути во кои се вклучени и регистрација, краток медицински прашалник и самото донирање крв. Донаторите треба да бидат на возраст од 18 до 65 години, како и да се македонски жители најмалку 6 месеци. Тие не треба да имаат донирано крв пред најмалку 4 месеци за жени, односно три месеци за мажи.
Истовремено со крводарителната акција се организира и акција за собирање храна и други неопходни производи за сиромашните семејства во текот на зимата. Од Амбасадата посочуваат дека ќе производи кои тешко се расипуваат, како и парични средства.
Листата на препорачани производи се состои од : ориз, грав, леќа, сол, шеќер, брашно, пренкарно брашно, макарони, масло, конзерви со грашок, боранија, мешан зеленчук или риба, бисквити, супи, конзервирано овошје и кечап.