Трето издание на конференцијата „Smart Up“ во Куршумли ан

SWT Alumni Македонија на 16 септември во Куршумли ан, Стара Чаршија во Скопје со почеток во 17:30 ја организира третата по ред „Smart Up“ конференција на тема „Smart up – Your story“.

Smart Up претставува уникатен концепт за мотивирање на младите, поттикнувајќи ги да ги развијат своите претприемнички вештини учејќи од искуствата на деветмината млади претприемачи од Start Up Акдемијата, како и од успешните приказни на тројца докажани професионалци од Македонија. Бидејќи младите се движечка сила во општеството, ние сме уверени дека овој концепт на мотивирање кој се применува низ целиот свет, ќе биде успешен и во Македонија и дека ќе покаже резултати.

Покрај  младите претприемачи, гости говорници на третата Smart Up Конференција се Ѓорѓе Војновиќ (поранешен кошаркарски репрезентативец и актуелен корпоративен менаџер), Анита Латифа (раководител на маркетинг во Албански Театар Скопје) и Петар Ниновски (претприемач-основач на WeLrn).

Повеќе инфо за настанот каде што може да се погледне видеото и аплицирањето за бесплатно учество на настанот има на следниов линк: http://swtalumnimk.com/smart-up/.