Студентската организација АИЕСЕК во соработка со Американскиот Универзитет во Бугарија и „Да Научиме“, го организираат проектот „Кариерно насочување“.
Овој конкурс им нуди на младите луѓе шанса да ги идентификуваат своите интереси и способности и со нивно откривање да дознаат во која насока најдобро можат да се развијат и самите да се пронајдат во некое кариерно поле. Преку интерактивни сесиии и работилници тие можат да иницираат дискусии и да развијат критички начин на размислување.
Учесниците на овој проект ќе имаат можност да ги поттикнат своите менаџерски, лидерски и креативни способности и истовремено она што го научиле да го применат во „case study“ каде што ќе бидат поделени во групи и најдобрите ќе освојат награда од страна на Американскиот Универзитет во Бугарија и Да Научиме. Проектот ќе трае еден месец дена со почеток на 3-ти октомври оваа година.
Сите учесници ќе добијат сертификат за посета на работилници како и можност да бидат дел од бесплатните подготвителни часови по ТOEFL што ги организира Американскиот Универзитет во Бугарија заедно со Да научиме.
Со оглед на тоа дека бројот на делегати е ограничен, за да се биде дел од овој проект треба да се пополни апликација. Апликациската форма можете да ја најдете на следниот линк – тука.
Оние кандидати кои ќе бидат одбрани за учество на работилниците ќе бидат контактрани по електронски пат. Дополнителни информации за пријавувањето може да добиете на телефонскиот број 071638997!