На 20 септември низ улиците на Скопје ќе се одржи ревијална трка на 5 км што организаторите ја ветија по откажувањето на Виз Ер Скопски маратон на 10 мај. Маратонот беше откажан од безбедносни причини, поради настаните во Куманово.
Оваа трка нема натпреварувачки карактер и е од отворен тип, на нејзе се повикани да учествуваат сите што го сакаат трчањето и спортот, без разлика дали имале стартен број или не за претходно закажаниот маратон.
Организаторите соопштија дека нема да има пријавување за оваа трка.
„Едноставно дојдете на 20 септември на илицата Димитрие Чуповски (во близина на Рекорд) и застанете на стартната линија да истрчаме 5 км низ улиците на Скопје. Сите што сте во можност дојдете со маиците и стартните броеви од Виз Ер Скопски маратон 2015 на 20 септември во 9.00 часот, да покажеме дека Виз Ер Скопски Маратон ќе продолжи да пулсира со срцето на градот и сите негови поддржувачи“, велат организаторите.
Трката е дел и од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската Комисија, а Македонија преку оваа трка е дел од спортските активности кои ќе се случуваат во Европа во периодот од 7 до 30 септември 2015.
Трката е дел од календарот на спортски настани http://ec.europa.eu/sport/