Netflix прикажа два филма на овогодинешниот фестивал во Венеција, и во кино и на интернет на 3 септември.
Најстариот филмски фестивал во светот, венециското Биенале, е доказ дека традиционалната кинематографија умира додека интернет страниците нудат нов начин за гледање на филмови.
Со доаѓањето на интернет стримингот, стариот модел според кој студиото го финансира филмот, а потоа го гледаме во кината за на крај да го добиеме и на DVD, на многу начини е пореметен, пишува Aljazeera Balkans.
Веб страницата за online streaming, Netflix, прикажа два филма на овогодинешниот фестивал во Венеција: Beasts of No nation, потресна приказна за дете војник во неименувана африканска земја и еден од фаворитите за награда, додека другиот, Winter on Fire: Ukraine’s Fight for Freedom ги прикажува промените во Украина, на истиот ден кога беа премиерно прикажани во кината во Венеција.
Влезот на Netflix во филмската индустрија предизвика контроверзија, а многу кино-оператори одбија да ги прикажуваат филмовите, обвинувајќи го Netflix за кражба на публиката и уништување на индустријата.
„Се нервирам кога гледам деца со слушалки како гледаат филм на својот iPhone, бидејќи мислам дека го пропуштаат она најважното, а тоа е искуството да се гледа филм во кино, кое го имаме уште од 1895 година“, вели Џеј Вајсберг, филмски критичар.
Но, во Венеција препознаа дека се менува начинот на кој луѓето гледаат филмови. Crowdfunding, претставува револуција во начинот на финансирање на филмовит, а иднината на некои филмски индустрии е во рацете на публиката. Токму таа ќе бира каде и кога ќе ги гледа филмските остварувања, па дури и ќе одлучува кои филмови ќе бидат снимени.