Популациите на морските цицачи, птици, влекачи и риби се намалил за околу половина во последните четири децении, а најголемо е намалувањето на бројот на рибите кои човекот ги користи за храна, пишува во последниот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF).
Организацијата предупредува дека претераното рибарење, загадувањето и климатските промени драстично го намалила фондот на комерцијално користените риби помеѓу 1970 и 2010 година.
Едно семејство риби, во кое припаѓаат туната и скушата, изгубило 74 проценти од единките во овој 40-годишен период.
„Во време на само една човечка генерација, човековата активност драстично го оштети океанот, со ловење риби побрзо отколку што тие можат да се множат, во исто време уништувајќи ги нивните мрестилишта. Претераното рибарење, уништувањето на морските живеалишта и климатските промени имаат тешки последици врз целата човечка популација, а најтешко и најбрзо се погодени најсиромашните заедници кои зависат од морето. Длабоки промени се потребни за да се обезбеди изобилство на океанскиот живот за следните генрации“, вели директорот на WWF, Marco Lambertini.
Извештајот покажува дека рибите не се едиснтвените жртви од човековото невнимание. Коралните гребени, мангровите шуми и морските треви кои им се потребни на рибите исто така претрпеле големи губитоци. Една третина од рибите во светот директно зависат од коралните гребени, а врз нив почиваат животите на 850 милиони луѓе низ светот.
Претходен извештај на WWF покажа дека половина од сите корални гребени во светот веќе исчезнале, а ако темпратурите продолжат да растат со исто темпо, сите корали во светот ќе исчезнат до 2050 година.