„Скопје, те сакам“ е вториот дел од колекцијата накит, дизајнирана од Дафина Џепароска и Нита Муча, инспирирана од симболите на градот „осудени да бидат изгубени и заборавени, како дел од владината политика за бришење на историјата и инсталирање на нова и лажна“.
Овој проект е критика на она што градот станува. Целите на проектот е да се подигне свеста кај граѓаните и да се поттикнат креативни дејствија во средината која брзо се менува. Финалниот производ, се разбира, е наменет за да се разубават купувачите, велат авторките.