Награди „Еми“: GoT најдобра серија, Jon Hamm најдобар актер, Viola Davis прва црна актерка со највисокото признание

Актерката Viola Davis, која ја игра улогата на професорката Annalise Keating во серијата на ABC „How to Get Away with Murder“,  влезе во историјата како прва афроамериканка која ја добила наградата „Еми“ за најдобра женска улога на годинешното доделување на најпрестижните телевизиски награди, кое се одржа синоќа.

Награди „Еми“: Jon Ham најдобар актер, Viola Davis прва црна актерка со највисокото признание

Наградата за најдобра машка улогa му пропадна на Jon Hamm, за остварувањето во завршената драма на AMC, Mad Men, каде го толкуваше ликот на Don Draper. Ова е дури осма номинација за Hamm во оваа категорија во последната деценија, но тој за првпат ја добива наградата, која Bryan Cranston ја доби четирипати во последните години, за улогата во Breaking Bad.

hamm.0.0

Севкупен победник на 67-то доделување на наградите „Еми“ е серијата „Game Of Thrones на HBO, која со четирите синоќешни и осумте награди од доделувањето на Creative Arts Emmys минатата недела, освои рекордни 12 награди. Покрај наградата за најдобра серија во категоријата „драма“, GoT го освои и наградите за најдобар актер во споредна улога (Peter Dinklage), сценарио (David Benioff и Dan Weiss) и режија (David Nutter). 12-те награди се повеќе од досегашниот рекорд од девет, кој го држеше серијата „West Wing“ од 2002 година. Единствена голема награда за која „Game of Thrones“ беше номинирана, а ја загуби, е наградата за најдобра споредна женска улога, која отиде кај Uzo Aduba од серијата на Netflix, „Orange Is The New Black“.

Серијата на HBO, „Veep“ е победник во категоријата „комедија“, а Julia Louis-Dreyfus ја освои наградата за најдобра женска улога во оваа серија. Најдобар актер во комична серија е Jeffrey Tambor, за улогата во „Transparent“.

 

Погледнете ја комплетната листа на наградени на годинешното доделување на наградите „Еми“.