Популарната апликација за комуникација Скајп од утрово не функционира во делови од светот. Голем број корисници во моментот се жалат дека не можат да се логираат на социјалната мрежа.
We are aware of an issue affecting Skype status at the moment, and are working on a quick fix: http://t.co/ymSzmrgEX0 pic.twitter.com/8LoqqL0hh7
— Skype Support (@SkypeSupport) September 21, 2015
„Ние сме преоптоварени во моментот. Ве молиме обидете се подоцна, или снимете го Скајп за да го користите во секое време“, напиша компанијата на својата официјална веб-страница.
На својот Твитер профил пак, компанијата соопшти дека се работи на решавање на проблемот. Меѓутоа, ова предизвика загриженост кај корисниците низ целиот свет. Дел од нив не можат нормално да го водат својот бизнис, други пак, се спречени да се видат со своите најблиски.
@ROCLASI Microsoft #Azure is still up ;) — Stephen Simmons (@PanicAcid) September 21, 2015
Skype is down. Come on, I need you right now.
— Christopher Bolton (@chrisbolton) September 21, 2015
Skype is down in Europe. pic.twitter.com/75JLN7wDJo — Alexandre Dreyfus (@alex_dreyfus) September 21, 2015
Ова не е првпат социјалната мрежа да не работи. Во изминативе години, Скајп постојано имаше проблеми со серверот, поради што апликацијата не беше во функција неколку дена.