Три снимки од 1915 година и една од 1919 година ги прикажуваат легендарните уметници во своите прославени средини – Клод Моне сликајќи во својата градина во Живерни, северна Франција, Пјер-Огуст Реноар во својот дом, Огуст Роден како прави скулптура во своето студио и Едгар Дега како се шета низ улиците во Париз.
Секој од немите кратки филмови се фокусира повеќе на личноста отколку на делото што уметниците го создале.