Изложбата „Четири еднакви спротивности“ на која се претставени дела на четворица македонски уметници, синоќа (21 септември) беше свечено отворена во галеријата „У анѓеличка” во чешкиот град Плзењ.
Градот Плзењ, кој е под заштита на УНЕСКО, од Европската комисија е избран за европски град на културата за 2015 година и е домаќин на низа културни настани во текот на овие 12 месеци.
Изложбата ќе трае до 17 октомври и на неа ќе се претстават уметниците: Петра Јовановска, Христина Зафировска, Дејан Иванов и Сергеј Дамовски.
Тие имаат изложувано во Македонија и странство, а пред чешката публика ќе се претстават со по 6-7 свои дела. Изложбата се одржува со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија.