Во недела (28 септември) во Американското катче во Скопје ќе се одржи работилница со Kathy McElwee од индистријата за видеоигри, која работела на видеоиграта „Game of Thrones: Episode 1 – Iron from Ice“, базирана на хит-серијата.
McElwee ќе зборува за развојот на видеоиграта, лиценцирањето, креативниот процес (пишувањето сценарио, дизајнот на играта, концептуалната уметност), снимањето гласови, за градењето на самата игра и за тимот кој ја гради.
Сите заинтересирани за учество во оваа работилница можат да се пријават со имејл на ac.programs@yahoo.com, со име, презиме и телефонски број. Во насловот на пораката треба да стои “Game of Thrones Video Development“. Последен рок за пријавување е 27 септември, а бројот на учесници е ограничен.