Бесплатен влез овој викенд за сите посетители на Археолошкиот музеј

Археолошкиот музеј на Македонија од денеска до 1 октомври се приклучува кон европската манифестација „Европски денови на културното наследство“, а претстојниот викенд влезот во Музејот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Археолошкиот музеј оваа година на манифестацијата ќе учествува со изложбата „Накитот од Македонија низ вековите“, бесплатна посета на неолитското село Тумба Маџари.

Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Темата на годинашното одбележување во Европа  е „Индустриско и техничко наследство“.

Република Македонија, која е вклучена во ова одбележување од 1996 година, годинава заедно со триесет европски земји го слави наследството во сите негови видови, вклучително и материјалното и нематеријалното, движното и недвижното културно наследство.