ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување и Slam Poetry Macedonia по повод 28 септември – Меѓународниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус организираат „Вечер на слем поезија“.
На настанот со своја поезија ќе се претстават поетесите: Елена Пренџова, Цвета Колева, Кети Јованова, Лиле Јовановска, Соња Гаврилова и Жаклина Филипова – Свеќаровска.
Поетскиот слем ќе се одржи во просториите на Младинскиот културен центар, во понеделник (28 септември), со почеток од 19:30 часот.