Студенти во Естонија направија инсталација од огромни дрвани мегафони кои ги поставија во шумските предели. Целта на студентите Hannes Praks и Birgit Õigus била да ги претстават природните звуци на шумата.
Инсталацијата е направена за потребите на студентите при Академијата за уметности во Естонија. Мегафоните се со дијаметар од три метри, а посетителите можат да уживаат во внатрешноста на мегафоните доживувајќи уникатното акустично искуство.