Со концерт пред платото на Културниот дом во Тетово ќе биде промовирана платформата на здруженија на граѓани „Пријателите на Шара“. Настанот ќе се организира во сабота, на 25 септември и ќе биде отворен за сите граѓани кои ја сакаат Шар Планина.
Пред присутните ќе настапат музичките групи „High Control“ и „Këpurdhat“ од Тетово.
Почетокот е најавен во 12 часот.