Два дрона, кои летаат автономно, изградија мост од сајли кој може да издржи тежина на човек, во последниот експеримент на група научници во Цирих. Научниците од Институтот за динамички системи и контрола и од компанијата Gramazio Kohler, успеале да ги програмираат дроновите да направат мост од околу 7 и пол метри, по кој може да се движат луѓе.
Оваа технологија во иднина би можела да се користи при несреќи и во екстремни ситуации на спасување луѓе на непристапни терени.