Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија повик за пријавување учесници за обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали.
Целта на обуката е да придонесе кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.
Обуката ќе се одржи на 14 октомври (среда) во Струга, хотел Дрим со почеток во 10:00 часот.
Обуката е еднодневна, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторите. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Бројот на учесници е ограничен. Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.
Кандидати треба да го пополнат следниот онлајн-формулар (http://goo.gl/forms/