Microsoft и Google се одлучија да ја прекинат претгодишната битка за патенти. Дури 11 тужби биле активни помеѓу компаниите, поврзани со мобилната технологија, wifi и други области.
Во заедничко соопштение, фирмите изјавија дека ќе соработуваат на одредени патенти, иако се уште нема дополнителни информации за деталите околу договорот.
Ова е последниот потег на фирмите да ги задржат патентните линии надвор од судот. Битките, кои воглавно се однесуваа за софтвер, се зајакнаа во последните години, откако фирмите почнаа да заработуваат од своите патенти. Но, на крај имаше промени во лиценцирањето, наместо во судските постапки.
Во краткото соопштение од фирмите се вели:
„Како дел од договорот, компаниите ќе ги повлечат сите судски постапки околу патентите, вклучувајќи го случајот за Motorola Mobility.
Одделно, Google и Microsoft се согласија да соработуваат на одреден патент и да ја зголемат соработката меѓу нив во други области во иднина во корист на потрошувачите“.
Двете фирми беа во жестока расправија откако во 2011 година Google ја презеде Motorola Mobility, што значеше дека компанијата зеде голем број на патенти од мобилната и мрежната технологија. Меѓутоа, Google ја купи Motorola Mobility за 12.5 милијарди долари, за три година подоцна да му ја продаде на Lenovo за 2.9 милијарда долари. Google го задржа поголемиот дел од патентите што ги презеде во оригиналниот договор.