Фудбалски тим на Сао Паоло стана актуелен во јавноста откако на последниот натпревар, фудбалерите од овој клуб наместо со деца, излегоа со кучиња на терен. Причината за тоа е да го поттикнат вдомувањето.
Секој играч излегол со куче покрај себе, со цел да го промовира вдомувањето на улични кучиња. Целата акција добила огромна поддршка и аплауз од трибината.
Бразилските медиуми се пошегуваа велејќи дека кучињата им донеле среќа на фудбалерите во првото полувреме, иако на крај, натпреварот завршил нерешено.