Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Од задутре (8 октомври) до сабота (10 октомври) во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржи традиционалниот Фестивал на новиот германски филм. Отворањето на 11-то издание на фестивалот е в четврток во 19.30 часот, а ќе присуствува и германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер.

И годинава фестивалот нуди најнови германски продукции, со што ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија. На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па се до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. Се разбира оставен е простор и за најмладите.

Репертоар:

Четврток 19.30 часот – „Роден во болка“ режија Флориан Шварц (трилер)

Петок
18 часот – „Феникс“, режија Кристиан Пецолд (драма)
20 часот – „Хакери“, режија Баран бо Одар, (трилер)

Сабота
16 часот – „Лола на грашокот“, режија Томас Хајнеман, (филм за деца)
18 часот – „Спасете го Рафи“ режија Аренд Агте, (филм за деца)
20 часот – „300 збора германски“, режија Зили Аладаг (комедија)