Скопско астрономско друштво организира циклус предавања на популарни астрономски теми. Предавањата ќе се одржуваат секој четврток во периодот од 15 октомври до 26 ноември со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Предвидени се седум предавања од различни области на астрономијата. Циклусот е од популарен карактер и за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе, а темите и распоредот за предавањата се најавени по следниот редослед:
15.10 – Црни дупки
22.10 – Темна материја и темна енергија
29.10 – Астероиди: убијци или спасители на цивилизацијата?
05.11 – Вода, живот и колонизација на Марс
12.11 – Зошто астрологијата лаже?
19.11 – За ХААРП, chemtrails, знамето на Месечина и други нешта
26.11 – Земја 2.0: Потрагата по екстрасоларни планети
Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари, додека блок карти за сите предавања е 600 денари. За членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари за предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс). Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.