Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за Животна Средина и просторно планирање, објавија фото-конкурс на социјалната мрежа Фејсбук, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.
#ДелувајСега е отворен повик за сите македонски граѓани, повикувајќи ги да ги искористат своите фотографски вештини за да ги уловат, односно да ги фотографираат ефектите на климатските промени.
Кандидатите ќе имаат можност да учествуваат на било која од следните десет категории:
Климатските промени и водата
Климатските промени и здравјето
Климатските промени и туризмот
Климатските промени и транспортот
Климатските промени и културното наследство
Климатските промени и шумите
Климатските промени и земјоделството
Климатските промени и природните катастрофи
Климатските промени и биодиверзитет
Климатските промени и обновливи извори на енергија
Заинтересираните можат да фотографираат со каква било камера и да ги пратат своите фотографии директно на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук до 15-ти ноември, 2015 година.
Наградите ќе бидат доделени на две најдобри фотографии за секоја од десетте категории. Наградите вклучуваат велосипеди и фото-камери.
Победниците ќе бидат селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%).