Познати уметнички слики изработени со техниката масло на платно завршија на даски за сурфање и скејтборди, благодарение на соработката на Boom-art и UWL.
Француската галерија се спои со производителот на даски за сурфање и бордање UWL, за да ја произведат серијата на даски „504“. Во неа се вклучени делата на Jan Davidsz de heem (1606-1684), Hieronymus Bosch (1450-1516), Jan van Huysum (1682-1749) и други.
Дизајнот стар со векови додава свежина со богатите бои и шари на даските за сурфање и скејтбордите, од кои секоја е рачно изработена и индивидуално нумерирана од UWL.
Извор: Colossal