Меѓународниот натпревар за аранжирање на водени растенија го слави уредувањето на аквариуми како уметничка форма.
За да се уредат овие огромни аквариуми, потребни се години и години подготовка, а тие се фокусирани речиси целосно на естетскиот приказ на растенијата, со користење само природни елементи.
Уметноста наречена aquascaping сé уште е непозната „дисциплина“ за повеќето луѓе. Основана е во 90-тите, а за нејзин основач се смета јапонскиот фотограф на диви животни Такаши Амано. Годишниот натпревар оттогаш е многу попопуларен и има сé повеќе натпреварувачи. Годинава, има 2545 учесници од 69 земји.
Бодувањето на секој аквариум се основа на шест критериуми: рекреирање на природно живеалиште на рибата, технички вештини на дизајнерот, долгорочно одржување на живеалиштето, оригиналноста и впечатливоста на изгледот, орезентацијата на природниот изглед и севкупната композиција и балансирањето на растенијата.
Оваа година, добитник на главната награда е Такајуки Фукада од Јапонија, со неговиот аквариум наречен Longing.
Извор: Colossal