Филозофското друштво на Македонија во соработка со гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ утре (15 октомври) ќе го промовира новиот број на списанието Филозофска трибина на тема „Филозофијата и образованието“ .
Како што соопштија до Друштвото, во овој број на списанието се собрани голем дел од текстовите од минатогодинешниот симпозиум на оваа тема, а објавени се и голем број на авторски текстови, студентски текстови, еден средношколски текст и повеќе прилози од филозофскиот живот во Македонија.
Промотор ќе биде доц. д-р Стефан Сидовски, а промоцијата ќе се одржи во Свечената сала на гимназијата, со почеток во 12:30 часот.