За да се биде успешен автор е потребна неверојатна упорност. Пример за тоа е Јамајканецот Marlon James, кој ја доби Букеровата награда оваа недела, иако неговиот прв роман John Crow’s Devil бил одбиен од 78 издавачи.
James ја доби наградата од 50000 фунти во вторникот, и вели дека бил толку возбуден што не можел да заспие таа ноќ.
Иако е јасно дека бил решен да не се откаже од пишувањето откако го одбиле, имал тешки периоди.
„Имаше период кога навистина помислив дека пишувам приказни кои публиката не сака да ги чита“, вели. „Се откажав од пишувањето. Го уништив ракописот, дури и го избришав од компјутерите на моите пријатели“.
За среќа, кога се почувствувал посигурен во себе, James ја пронашол својата книга во излезното сандаче на стар email.
Познати автори како James Joyce, JK Rowling и Stephen King биле одбивани од издавачите повеќе пати.
Жирито на Booker ја oпиша „A Brief History of Seven Killings“ на јамајканскиот писател како исклучителна книга, и ја изгласаа за победник неанонимно.
Извор: BBC