Слем поезија денеска во Друштвото на писатели на Македонија

Денеска во 12:00 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи ревијален поетри-слем и претставување на младата генерација автори чие присуство на поетската сцена, со своите вредности и специфики, се посилно го свртува вниманието на книжевната јавност и критиката, најавуваат од ДПМ.

На литературната средба во ДПМ со свои стихови ќе се претстават поетите: Елена Пренџова, Филип Клетников, Марина Мијаковска, Љупка Антеска, Жаклина Филипова – Свеќаровска, Ирена Јурчева, Наде Поп-Гаврилова, Кети Јованова и Константин Карев. Модератор на манифестацијата ќе биде Елена Пренџова.

Целта на ова поетско дружење е да се даде простор за презентација на младите, но и да се гради мостот на континуиран развој меѓу различните поетски генерации.