По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата „Граѓаните за Македонија“ ќе организира трибина на тема безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите.
Трибината ќе се одржи на 19 октомври, од 11:00 до 13:30 часот во ГЕМ клубот во Скопје, а ќе присуствуваат тројца говорници: Предраг Тасевски од cybersecurity.mk, Виолета Ѓорѓиевска од Internet Hotline Provider – Macedonia и Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
По трибината, од 14 до 16 часот ќе се одржи и работилница за безбедно користење мобилни телефони, со Предраг Тасевски. Местата за посетители на работилницата се ограничени, а сите заинтересирани за учество треба се пријават на овој формулар, (http://goo.gl/forms/QV0sZwMmnb) најдоцна до 16 октомври, петок, до 14 часот.
Иницијативата (www.freedomnotfear.org) е присутна во Македонија од 2008 година.