Премиерата на претставата „Животинска фарма“, во режија на Александра Кардалевска е најавена во среда (21 октомври), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театарот за деца и младинци.
Претставата е работена според истоимениот роман на Џорџ Орвел, а по драматизацијата на Гај Мастерсон. Таа зборува за вечната тема, како се распаѓаат системите кои што се изградени и зачнати со чисти идеи, за моќта и опиеноста од истата, за манипулациите и измамите и за тоа како револуциите на крајот ги јадат сопствените деца. Орвел на саркастичен начин дава совршено прецизна слика за системите кои што циклично се менуваат низ историјата и секогаш го имаат истиот тек и секогаш завршуваат на истиот начин – дали очигледно или скриено под илузиите за среќно општество во кое што сите се среќни и задоволни со она малку кое што системот им дозволува да го имаат.
Самата идеја да се прикаже трулежот во човечкото општество низ призмата на животните од една фарма кои што решаваат да се ослободат од човечкото ропство, изобилува со драмски потенцјал и ветува дека на еден суптилен начин ќе ја соочи публиката со она кое што всушност преставува дел од нејзиното секојдневие. Кардалевска низ суптилни знаци, во една модерна и современа атмосфера, ѝ покажува на публиката дека сите живееме во една глобална фарма и колку и да веруваме во тоа дека можеме да ги согледаме манипулациите со кои што системот се обидува да не замајува, многу често потпаѓаме под влијанието на она кое што е наше секојдневие.
Оваа претстава е наменета за онаа публика која во својата најрана фаза, за прв пат во животот се судира со системот. Во она време кога општата бунтовност се буди во младите карактери, кои што во тој момент се формираат и се гладни за знаење и информации, неопходно е потоењето на една ваква претстава која што обработува едно од најважните дела ва историјата на литературата и истовремено зборува за еден општ проблем кој веќе почнува да ги засега
Во претставата играат: Ненад Митевски, Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Владимир Лазовски, Симона Спировска, Емра Куртишова, Наташа Петровиќ, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Предраг Павловски, Катарина Илиевска Силјановска и Мартин Јорданоски.
Драматург на претставата е Драгана Лукан Николоски. Сценографијата е на икола Кунгуловски, костимографијата ја работи Маја Димовска, додека за музиката се задолжени Бернејс Пропаганда.