Средношколскиот пленум од Куманово преку својата Фејсбук странаица најави протест на средношколците во четврток, на 22 октомври поради игнорантскиот однос на институциите кон нивните барања и лошите образовни реформи.
„Летото помина, учебната година започна, а единственото нешто што се промени е тоа што сме една година постари, една година позрели. Сето ова се коси со нашите барања, се коси со она за што се боревме и лани и сега се уште. Ние баравме различни промени, коренити, промени кои ќе го подобрат нашето образование, но тие наши очекувања се сведоа на нула, а МОН останаа глуви, неми и слепи на нашите гласови и идеи. Затоа, будење!“, се вели во повбикот на пленумот.
Збирното место за првиот средношколски протестен марш во Куманово е дворот на гимназијата „Гоце Делчев”, во 12:30 часот.
„Направете нешто корисно за вас, за сите нас како целина, приклучете се на толпата од моќна младина по кумановските улици, и кренете го гласот против лошите реформи, бидејќи не се работи за нешто на нас туѓо, ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ РАБОТИ!“м се додава во повикот.
Еедн ден претходно на марш ќе излезат и средоношколците во Скопје.