Изложбата „Je Suis” на Ина Михајлова ќе биде отворена во четврток , на 22 октомври во Радио Бар.
На неа ќе бидат изложени илустрации во комбинација со храна и едноставни секојдневни предмети и создава серија на креативни и неочекувани композитни цртежи. Ина Михајлова е млада дизајнерка, која своето образование го стекнала на Факултетот за дизајн и мултемедија. Има неколку самостојни изложби и работно искуство во магазин за мода и дизајн…
Иако е без формално ликовно образование, Ина размислува “outside the box”, не држејќи се до рамките на извесни правила и законитости овозможувајќи неконвенционален пристап во третирањето на цртежот во контекст на графичкиот дизајн.
За себе вели дека е “голем гурман што лошата храна ја користи за да направи нешто креативно и сатирично”… Од таму ја црпи и инспирацијата и смета дека токму преку цртежот како медиум се пренесува порака да размислуваме поинаку за она што го гледаме и користиме секојдневно… Или можеби да потсети на нашите имагинативни способности кога сме биле клинци.
Цртежите на Ина Михајлова пленат со својата спонтаност и хумор, но од друга страна даваат и критички осврт на секојдневното опкружување на младите луѓе.
Во склоп на изложбата, со диџеј сет ќе настапи Zoki Bejbe. Делата ќе бидат изложени до 31 октомври и ставени на продажба.