Младинската иницијатива „ Кој ако не младите? Кој ако не ти? “, чија цел на иницијативата е доближување на нефомалното образование до битолските средношколци. ќе биде промовирана на 31 октомври 2015 година, во 11 часот во кафулето „Бар Чаршија“, во Битола.
Со иницијативата е предвидено да се одржат осум работилници на неколку теми: проектен менаџмент, младински активизам, претприемништво, бизнис, лидерство, човекови права, презентациски и комуникациски вештини, како и уметност.
Темите за работилниците, како што посочуваат од иницијативата, беа идентификувани врз основа на претходно спроведена анкета во средните училишта во општина Битола. Идејата за одржување на овој вид на работилници и на активности е на четворица средношколци: Бојана Поповска, Владимир Ристевски, Марио Ќурчиевски и Марија Костовска.
Организицијата и реализацијата на работилниците ќе се прави со менторска поддршка на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Тие почнуваат на 14 ноември 2015, а пријавувањето за присуство ќе се врши онлајн и ќе трае до 9 ноември 2015.