Во рамки на фестивалот „Анимакс Скопје Фест“ во просториите на Кино Фросина – МКЦ, се организира работилницата за анимација со песок за деца, насловена „Лисјата паѓаат, љубов се раѓа“.
Децата треба да се на возраст од 8 до 12 години, а активностите ќе се одржуваат во период од три дена (5, 6 и 7-ми ноември) од 14.00 до 16.00 часот .
Работилницата ќе биде под менторство на едукатори од училиштето за анимирани филмови „ШАФ “ –Врање. Анимацијата ќе се работи во техника песок.
Финалниот производ – краток анимиран филм ќе биде прикажан на големото платно на последната фестивалска вечер. Бројот на пријавени е ограничен. Пријавените учесници треба да учествуваат на сите три сесии на работилницата.
Учеството е бесплатно и заинтересираните можат да се пријават со оставање на податоци на мејлот animaxmacedonia@gmail.com.