Донации за бегалците утре ќе се собираат во Дамар

АЦТ Фондација организира акција за помагање на бегалците од Сирија, Ирак и останатите држави кои поминуваат низ Македонија. Сите кои сакаат да помогнат, утре ќе можат да ги остават своите донации во облека, храна и хигиенски средства во кафулето Дамар, во Старата скопска чаршија. Пунктот во Дамар ќе остане отворен до 6 ноември.

11260783_947250865350769_1253503176599478912_n

„Условите за нивниот престој се се уште лоши и затоа сакаме да им помогнеме, колку што можеме.Ве молиме да ни пом огнете со важи донации од топла облека, зимски јакни, кабаници, џемпери, нова долна облека, дебели чорапи, хигиенски средства, пелени, влажни марамчиња, бебешка храна и слично. Донираната облека треба да биде здрава, испрана и чиста“, посочуваат од Фондацијата.